а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

барикадира

барикадираат; барикадирајќи; барикадиран
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Направи, прави барикада.
Англиски: block Албански: barikadoj, bllokoj
Примери:
Полицијата ја барикадира главната улица.
2. (се барикадира) Се заштити, се заштитува со помош на барикада.
Англиски: barricade Албански: barikadohem, bllokohem
Примери:
Тие ќе се барикадираат во училиштето.
Непријателот се барикадирал на терасата.
Изведенки
барикадирање ср.
глаг. им.